Курти побара зголемување на бројот на војници на КФОР на Косово

Косовскиот премиер Аљбин Курти во интервју за германски Велт се заложи за зголемување на бројот на припадници на КФОР на Косово.

EPA-EFE

Тој побара и поголем број германски војници од сега што, како што кажа, би ѝ помогнало на Приштина во „одвраќањето на заканите од Србија и Русија“.

„КФОР би можел да ни помогне и понатаму да градиме сопствени безбедносни структури и капацитети“, кажа Курти во најновото интервју за странските медиуми кои зачестија во последните денови.

„Го зголемивме одбранбениот буџет за 52 отсто, нашите национални безбедносни сили бројат 5.000 припадници и 3.000 резервисти. Но околу Косово има 48 српски воени бази“, кажа Курти.

Тој ги повтори тврдењата дека Србија и Русија тесно соработуваат и дека поради заканата од Србија и Русија итно е потребно да се зголеми бројот на НАТО војници на Косово.

На прашањето за неодамнешните мерки во врска со воведувањето на влезно-излезните документи за носителите на српски лични карти, како и за пререгистрација на возилата, Курти кажа дека тие мерки се првпат применети на 1 август и дека тогаш, без проблем, биле издадени 2.679 документи.

Курти кажа дека мерките ќе се спроведат од 1 септември „на неодредено време“. „Но спремен сум на (српскиот претседател) Александар Вучиќ да му пружам рака – ако Србија прифати да се откаже од граничните контроли тогаш и ние тоа ќе го направиме и од 1 септември нема да има нови правила“, кажа Курти.

Тој повтори дека Приштина во текот на есента или зимата, најдоцна до католички Божиќ годинава ќе поднесе барање за кандидатура за членство во Европската Унија и кажа дека верува дека барањето ќе биде прифатено бидејќи, како што тврди, „Косово на Западниот Балкан е најдемократската и најпрозападна земја“.

Кажа дека Приштина, преку Договорот за стабилизација и асоцијација, има добри врски со ЕУ, и наведе дека е загрозена безбедноста на европскиот континент, по нападот на Русија на Украина, поради што, според него, е важно Европа да има стабилен партнер на Западниот Балкан.

„Би било важно некој со влијание во ЕУ да стане и да каже – до 2030 година треба сите шест земји од Западниот Балкан да станат членки на ЕУ. Тоа веќе ни е ветено во 2003. Никој не треба да се плаши од нас, бидејќи сите шест земји заедно имаат 18 милиони жители, колку Холандија“, кажа косовскиот премиер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе