Мандатарот за нова косовска влада

Курти по состанокот со специјалниот претставник на ЕУ Лајчак: Дијалогот не е приоритет

Аљбин Курти повтори по денешната средба со специјалниот претставник на Европската УНија Мирослав Лајчак дека дијалогот со Белград не е негов приоритет.

EPA-EFE

Тој кажа дека датумот на почетокот на дијалогот не е утврден и дека не е под притисок на рокови.

Порача дека во принцип не е против дијалогот, но дека е за „принципиелен дијалог кој ќе биде искрен и добро подготвен“.

„Не постои датум, бидејќи мораме да формираме влада, мора да се изврши потврдување на резултатите на изборите. Владата ќе има министер за надворешни работи за сите извршни работи, па и за прашањето на дијалогот“, наведе Курти.

Лајчак со состанокот со Курти ја почна тридневната посета на Косово, по која ќе замине во Белград, каде ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе