Во интервју за Гардијан

Курти: Одлуката на ЕУ да не почне преговори со Македонија и Албанија негативно ќе влијае врз дијалогот на Белград и Приштина

Косовскиот политички лидер Аљбин Курти за Гардијан кажа дека одлуката на ЕУ да не ги почне преговорите со Македонија и Албанија негативно ќе влијае врз можноста за постигнување на договор меѓу Белград и Приштина.

Лидерот на косовското движење Самоопределување и најверојатно нов премиер кажа во интервјуто за Гардијан дека, без извесна перспектива за членство во ЕУ, Белград нема да има поттик да постигне договор со Приштина.

Коментирајќи го отсуството на одлука за отворање на преговорите со Македонија и Албанија, Курти истакна дека реформите во Европската Унија и проширувањето мора да одат рака под рака.

„Европската Унија е важен историски проект и ниеден човек не може да биде негов автор, да го режира или да го води. Видовме повеќе пати дека ситуацијата на Балканот се влошува секогаш кога Жан Клод Јункер ќе каже дека нема да има понатамошно проширување на Унијата“, истакна Курти.

Курти кажа дека ќе ги укине царините на српската стока „само ако Белград преземе реципрочни мерки кои ќе овозможат слободен извоз на косовската стока на територијата на Србија“.

Истакна и дека Белград ќе мора да ја заврши меѓународната дипломатска кампања на убедување на земјите да го повлечат признавањето на Косово.

„Ако сакаат да го почнат дијалогот, треба веднаш да го сопрат ширењето клевети за нашето право на државност. Србија мора да се соочи со сопственото минато, наместо на Косово и Албанија да гледа со воен двоглед. На Србија ѝ е потребна интроспекција“, оцени Курти.

Објасни дека соработката со Србите на Косово ќе почнат со разговори со обичните луѓе за секојдневните проблеми и прашања, како земјоделството.

Тој истакна дека целосно се противи на идејата за разграничување и размена на територии. „Каде и да поставите нова граница, од другата страна ќе има и Срби и Албанци. Само се претвараат дека тоа е можно да се направи по мирен пат“, кажа Курти.

На коментарите за знамето на Албанија во седиштето на Самоопределување, Курди кажа дека „има поважна работа од преуредување на својот кабинет“.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе