Курти: Никој не може да ги спречи косовските специјалци да одат на северот

Премиерот на Косово Аљбин Курти кажа дека 1 септември останува рокот од кога ќе се применува одлуката за пререгистрација на табличките на северот на Косово и Метохија.

EPA-EFE

Тој истакна дека „никој не може да ги спречи специјалните полициски сили да одат на северот“.

Курти, по средбата со меѓународните претставници Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар во Приштина, кажа дека од 1 септември ќе почне „и да се применува реципроцитетот со личните документи за граѓаните на Србија“.

Додаде дека, ако биде нарушена безбедносната ситуација на северот, ќе реагираат косовските институции.

„Вчера се сретнав со командантот на Кфор, со нашата полиција и со Еулекс. Барикадите не се решение. Постојат државни механизми кои ќе реагираат, не само полицијата туку и специјалните полициски сили, и никој не може да ја сопре специјалната полиција да оди на север. Северот на Косово е дел од Косово, се наоѓа на Косово и никогаш немало повеќе владеење на правото на северот на Косово од сега“, смета Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе