Лидерот на косовско Самоопределување

Курти: Ние и Албанците сме една нација со две држави

Албин Курти е победникот на вонредните парламентарни избори на Косово. Тој во интервју за германски ФАЗ зборуваше за корупцијата, имиџот на Косово во светот, користењето солзавец во косовскиот парламент и љубовта кон албанското знаме.

Тој за политиката на стоотстотни царини на досегашниот премиер на Косово Рамуш Харадинај кажа дека не се залага за укинување на мерката, но дека повеќе му се допаѓа политиката на тотален реципроцитет.

„Србија, на пример, не ги признава нашите автомобилски таблички а ни производите на кои пишува дека се произведени на Косово. Што е апсурдно – па сѐ додека производите со нашата ознака за потекло не се продаваат во Србија, не треба ни на Косово да се продаваат производи со ознака за потекло од Србија. Како и да е, царините имаа еден добар спореден ефект, кој нема врска со економијата: тие придонесоа очајната идеја за размена на територии меѓу Србија и Косово да се тргне од масата“, кажа Курти.

По описот на Косово како „киднапирана држава“ од „канџите на поранешните команданти на УЧК“ – претседателот Хашим Тачи и поранешниот премиер Харадинај, Курти вети дека ќе стави крај на киднапирањето.

„Државното обвинителство, полицијата, целосното правосудство и тајните служби, а и одделни компании, се вплеткани во ова киднапирање на државата. Јас сум спремен да го сузбијам организираниот криминал и корупцијата на врвот, а спремен сум и да ги разбијам монополите на олигарсите на Косово. За да успееме во тоа, потребна ни е помошта од меѓународната заедница“, истакна тој.

Курти во 2010 година во партиската програма на Самоопределување напиша дека треба да се укине сегашното државно знаме на Косово и да се замени со националното знаме на Албанија.

„Јас бев вџашен што прашањето за изгледот на косовското знаме не беше предмет на референдум. Но од 2011, како претседател на надворешнополитичкиот комитет во парламентот, јас ова знаме на Косово го прифатив. Сепак, во нашето движење, ние сакаме да го задржиме и националното знаме на Албанците. Еден ден можеби треба да се почне дебата, но тоа навистина не е мојот приоритет. Сега, за почеток, мора да ја спасиме киднапираната држава“, вели тој.

За желбата на неговата партија за одржување на паралелни референдуми за обединување на Косово и Албанија, Курти кажа дека „јазикот, културата и историјата на Косово се албански, што значи дека сме една нација со две држави.

Но, нема затоа да почнуваме уште една балканска војна. ние сакаме тоа да го оствариме мирно, демократски и на уставен начин“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе