Курти: Нема помирување без извинување, приоритет е да се тужи Белград за геноцид

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави денес дека приоритет на неговата влада е да го тужи Белград за наводен геноцид.

Како што кажа, нема помирување без извинување и тоа ќе биде тема на дијалогот.

Обраќајќи се во парламентот, на посебна седница по повод вчерашниот Ден на жените на која присуствуваа и наводни жртви на сексуално насилство за време на војната, Курти кажа дека неговата влада „добро се подготвува да го тужи официјален Белград пред Меѓународниот суд на правдата“.

„Тоа ќе биде долг пат, бидејќи сакаме да бидеме сигурни дека ќе бидеме успешни во тој процес. Но, почнавме да работиме во таа насока“, кажа Курти.

Тој истакна и дека во продолжувањето на дијалогот ќе бара официјален Белград да биде одговорен за сите штети кои, како што кажа, „ги претрпело Косово, а ќе бара и правда за жртвите на сексуалното насилство“.

„До сега за тие случаи не се разговараше во дијалогот со Србија. Ние ќе се потрудиме тоа да се промени, бидејќи не може да има помирување без извинување. Без казнување на воените злосторства нема може да има смирување“, кажа Курти.

Кажа дека како премиер има обврска да работи на тоа наводните воени злосторства извршени од српските сили во текот на минатиот конфликт да бидат казнети.

„Молчењето и нереагирањето го штитат злосторството“, заклучи косовскиот премиер.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе