Поранешниот косовски премиер

Курти: На претставниците на Белград и Приштина во Вашингтон ќе им сервираат договор

Лидерот на косовското движење Самоопределување Аљбин Курти изјави дека на состанокот во Вашингтон на 27 јуни на претставниците на Белград и Приштина ќе им се „сервира договор“.

EPA-EFE

Тој додаде дека продолжувањето на дијалогот се одвива на барање на Србија.

„Продолжувањето на дијалогот е во согласност со барањата на Србија – и временски и содржински. Датумот на состанокот е 27 јуни затоа што доаѓа по 21 јуни, кога во Србија се одржуваат избори и 24 јуни кога Вучиќ заминува во Москва на средба со Путин“, напиша Курти на Фејсбук.

Тој смета дека Косово има „бескорисна влада која зависи од секој член на Српската листа“, создадена „само Србија да биде задоволна“.

Тоа, според него, е „владата која го укина реципроцитетот со Србија и му се обврза на посредникот (Ричард) Гренел дека нема да бара членство за Косово во меѓународните организации, што претставува откажување од Членот 17 од уставот на Косово“, кажа Курти.

„Всушност, без дијалогот како процес, ова изгледа како еднодневна средба на која се послужува (сервира) договорот“, напиша Курти.

Тој оцени дека таквиот пристап носи само штетни договори, а дека таквиот договор нема да може да се спроведува и добива поддршка „само од политичари како претседателот на Косово Хашим Тачи и косовскиот премиер Авдулах Хоти, кои не го претставуваат народот на Косово“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе