Поранешниот косовски премиер

Курти: На Косово му се заканува хуманитарна катастрофа

Претседателот на движењето Самоопределување и поранешен косовски премиер Аљбин Курти им испрати писмо на странските амбасадори на Косово во кое бара помош околу епидемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Потсетувајќи дека своите ставови за пандемијата на ковид-19 повеќе пати претходно им ги изнел на претставниците на дипломатските мисии, Курти предупреди дека на Косово му претстои хуманитарна катастрофа, пренесува Косово онлајн.

„Во име на граѓаните на Косово, јавно ве повикувам вас и вашите земји на косовските здравствени установи да им ги обезбедите потребните медицинска опрема и човечки ресурси за да се овозможи превенција здравствената криза да не прерасне во хуманитарна катастрофа“, наведе Курти на Фејсбук.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе