Курти: Косово попрво ќе влезе во НАТО отколку во ЕУ

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави дека е голема веројатноста Косово попрво да влезе во НАТО отколку во Европската Унија.

EPA-EFE

„Сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ, но многу е можно поради многу фактори да можеме да влеземе во НАТО попрво отколку во ЕУ. Баравме од САД да ни помогнат околу членството во НАТО, добивме одговори. Тесно соработуваме и правиме некој вид транзиција на нашата војска“, кажа Курти за Политико.

Изрази уверување дека поради интервенцијата на Русија во Украина ќе пораснат шансите и брзината за членство на Косово во НАТО.

Курти смета дека војната во Украина претставува опасност и за западниот Балкан, преку Србија.

Тој оцени и дека Република Српска станала „своевиден Калининград во регионот“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе