Курти: Ќе го натераме Белград да ја признае косовската независност (ВИДЕО)

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави денес дека Приштина и без царините ќе го натера Белград да ја признае косовската независност.

Зборувајќи на вонредната седница на парламентот, свикана на барање на опозицијата која се противи на постепеното и условено укинување на царините, Курти кажа дека за тоа постојат многу попаметни начини, пренесува Коха диторе.

Смета дека Белград, како тшо кажа, го искористил воведувањето на царините како изговор за одбивање на дијалогот.

Тој додаде дека ефектот на стоотстотните царини наметнати на производите од Србија и БиХ е минимален, бидејќи, како што кажа, мерката не е правилно спроведена.

„Сметам дека резолуциите на косовското собрание не се само текст на хартија, туку одлуки кои треба да се применат. Србија ги искористи царините како изговор за одбивање на дијалогот. Од друга страна, ефектот на царините беше минимален, бидејќи не беа правилно спроведени. Досега дијалогот со Србија главно беше околу статусот на Косово. Кога ќе се препознае возачката дозвола се препознава државата, а кога ќе се препознае државата таа е призната. Мораме да ја примораме Србија да нѐ препознае“, кажа Курти.

Како попаметен начин да се постигнат целите кои се сакаат е воведување реципроцитет во сѐ, што за Курти значи еднаквост.

Тој смета дека не е спроведен договорот за реципроцитет, усвоен во Брисел во делот кој е во интерес на Приштина, на пример за косовските таблици, со кои не може да се влезе во Србија.

Наведе и дека царините не ја смениле Србија, затоа што не постоел реципроцитет.

„Нашата цел треба да биде да направиме чекор на добра волја, а Србија треба да го препознае. Србија мора да одговори со сопирање на кампањата за отпризнавање на Косово. Нашите мерки се нормални за нормална состојба“, кажа, меѓу другото, Курти.

Праша зошто претходната влада на Рамуш Харадинај не вовела реципроцитет кон Србија.

„Србија користи два начини да ни се спротивстави, спорадично и системски, но особено спорадично. Србија не признава ниеден документ што го издало Косово, а ное сакаме рамноправност која произлегува од реципроцитетот“, кажа Курти.

Тој истакна дека е против размената на територии и дека актуелниот косовски претседател Хашим Тачи нема овластување за потпишување каков било договор со Белград.

„Тоа нема да се случи. Знам дека постоеше план Косово да ги укине царините, а утредента и план, не за започнување дијалог, туку за негово завршување“, кажа Курти пред пратениците.

„Нема да има размена на територии“, заклучи тој.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе