Курти: Ќе ги укинеме царините, но ќе воспоставиме реципроцитет

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека би било добро до конечен договор со Србија да се дојде брзо, но истакна дека брзината не би требало да ја стави во втор план содржината на договорот.

Во интервју за Дојче веле дадено во Минхен, каде учествува на безбедносната конференција, Курти наведе дека е потребен принципиелен дијалог и со консултации со сите меѓународни партнери.

„Не сум против дијалог, но сум за добро подготвен и принципиеле дијалог. Јас сум за конструктивен дијалог кој нѐ води до договор кој не би бил загрозен ни однадвор ни одвнатре. Сега имаме нов легитимитет, но тоа не може да се каже за Србија, тие имаат избори до крајот на април, можеби кога ќе завршат изборите. Потоа, ајде да разговараме и со Брисел, Берлин, Париз и Вашингтон за дијалогот да заврши со конструктивни и фер договори“, кажа Курти.

Тој додаде дека колку побрзо биде постигнат договор толку подобро, но истакна дека содржината е главниот приоритет и дека реципроцитетот е нормален принцип во билатералните односи.

„Ќе ги укинеме царините, но ќе воспоставиме реципроцитет. Граѓаните гласаа за тоа на 6 октомври“, кажа Курти.

Тој додаде и дека „мини шенгенот“, за кој се залагаат Србија, Албанија и Македонија, треба да се вклучи во берлинскиот процес кој ги опфаќа сите земји од западниот Балкан.

Курти повтори дека сака Косово и Албанија што повеќе да се интегрираат и обединат, да соработуваат во сите области.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе