Кандидатот за косовски премиер

Курти има три услови за продолжување на дијалогот, првиот е да го нема Вучиќ на преговарачката маса

Аљбин Курти ги објави своите три принципи за продолжување на дијалогот на Белград и Приштина, од кои првиот е дека не го сака претседателот на Србија Александар Вучиќ на преговарачката маса.

На собирот во Берлин наречен „Балкански дијалози“, на кој беа разгледувани европските перпсективи на западниот Балкан и можностите за постигнување позитивни придвижувања во односите на Белград и Приштина, Курти како прв принцип наведе дека нема да има разговори на косовскиот претседател и претседателот на Србија и дека не го сака Вучиќ на масата.

„Нема разговори за косовската територија“ е вториот услов што го наведе претседателот на Самоопределување, како што пренесуваат косовските медиуми.

Третиот услов кој го наведе Курти е да нема разговори за мапите.

Косово е централна тема на конференцијата, на која ќе бидат посветени две од четирите пленарни сесии.

На собирот учествуваат голем број политички лидери од регионот, но и влијателни дипломати од САД, ЕУ и Германија.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе