Курти и министрите не можат да го посетат северот на Косово

Бесник Бисљими, во име на косовскиот премиер Аљбин Курти, му предал на Гљаук Коњуфца извештај за спроведување на договорите произлезени од дијалогот со Србија.

EPA-EFE

Во извештајот се наведува загриженоста поради неможноста на функционерите на косовската влада да го посетат северот на Косово, пренесува Репортери.

Во извештајот се наведува дека начинот на функционирање на четирите северни општини е проблематичен и дека, и покрај некои позитивни промени, службениците на косовската влада сè уште не смеат да го посетат овој дел на Косово.

„Србија продолжува да ги поддржува своите паралелни структури на Косово, вклучувајќи ги нелегалните општински структури на северот и во некои други делови од Косово. Треба да се напомене дека службениците на косовската влада сè уште не се во можност да одат во официјални посети на северните општини. Овие општини издаваат документи според косовските закони кога се во прашање косовските институции, додека во однос на институциите на Србија користат логотип и печати на Србија“, се наведува во презентирањето на ситуацијата.

Како најголем предизвик се претставува продолжувањето на присуството на паралелните административни структури на северот на Косово, работата на новите општини без официјален логотип и фактот што тие општини не можат да добијат средства за спроведување различни развојни и инфраструктурни проекти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе