Во видеопорака

Курти ги повика Србите да ги регистрираат возилата со косовски таблички

Косовскиот премиер Аљбин Курти во видеопорака ги повика Србите да ги заменат „нелегалните таблички“ во центрите за регистрација на возила, наведувајќи дека „нема да има царинење“.

Фото: ЕПА

Како што пренесува порталот Косев.инфо, Курти рекол дека од 1 август до 30 септември во Приштина, како и во останатите 33 општински центри за регистрација, ќе се организира процесот на регистрација на возилата, а со тоа и „премин од диви таблички“ во таблички со ознака „РКС – Република Косово“.

За да се олесни процесот на регистрација на таквите возила, Курти нагласи дека направил „голема отстапка“ за да не бидат предмет на царинење.

„Ова е голема отстапка, имајќи предвид дека царинската такса за само едно возило во просек би била околу 5.000 евра. Исто така, при првата регистрација нема да биде потребен технички преглед на возилото, а општините може да одлучат да одбијат и по десет евра на име на такса“, рече Курти.

Видеопораката од фејсбук-профилот на Курти уследи по овонеделната одлука на косовската влада со регистарските таблички на Република Србија за градовите на Косово - „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“, „ДА“ или „ЃА“ да се овозможи пререгистрација на РКС-таблички, од 1 август до 30 септември, а воедно и замена на српските лични карти со декларациски лист.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе