Курти е премиер на Косово

Собранието на Косово вечерва со 67 гласа за и 30 против го избра Аљбин Курти за премиер на Косово.

EPA-EFE

Во владата која ја предводи Курти има тројца заменици премиери – првиот е Бесник Бислими, од Самоопределување кој ќе биде надлежен за евроинтеграциите, дијалогот и развојот, втора е Доника Гервала од Иницијатива на Вјоса Османи, која ќе ја врши и должноста министерка за надворешни работи, и Емилија Реџепи од редовите на бошњачката заедница, која ќе биде задолжена и за положбата на малцинствата и за човековите права.

За министер за внатрешни работи е избран Џељаљ Свечља, Аљбуљена Хаџиу е министерка за правда, Розета Хајдари е министерка за трговија и индустрија, а Хекуран Мурати е министер за финансии.

Министер за образование и наука е Арберие Нагавци, министер за култура, младина и спорт Хајрулах Чеку, министер за земјоделство е Фатон Пеци, министер за инфраструктура Љибурн Аљиу, министер за економија Артан Ризваноли, додека министерството за здравство го презема Арбен Витиа.

За министер за одбрана е предложен Арменд Мекај, министерството за локална самоуправа ќе го води Ељберт Красниќи, Факрим Дамка, од редовите на турската заедница, ќе го води министерството за регионален развој, и Горан Ракиќ ќе биде министер за заедници и враќање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе