Порака на косовскиот премиер

Курти: Дијалог со Србија за правно обврзувачки договор со обострано признавање

Премиерот на Косово Аљбин Курти изјави денес дека дијалогот на Белград и Приштина треба да биде ориентиран на, како што наведе, „правно обврзувачки договор, целосна нормализација на односите со обострано признавање на Србија и Косово“.

EPA-EFE

„Имам волја и интерес дијалогот во Брисел, освен што е истовремено принципиелен и содржаен, да не биде дијалог за дијалог, туку дијалог за првно обврзувачки договор, за целосна нормализација со меѓусебно признавање. Но, мора да сфатите дека од другата страна зависи дали ќе има договор, а што се однесува до мене волјата и интересот се неспорни и непоколебливи“, кажа Курти.

Косовскиот премиер кажа дека реципроцитетот е здрава и нормална акција на добрососедски односи.

„Ние носиме суверени одлуки, но јас на состанокот на 15 јуни минатата година и на 19 јули кажа дека договорот е стабилен и применлив кога во него има здрави принципи, реципроцитет е здрава и нормална придобивка во меѓусоседските односи“, кажа Курти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе