Курти: Бајден ја знае историјата на Косово, сè ќе биде поинаку

Лидерот на движењето Самоопределување Аљбин Курти кажа дека претседателот на САД Џо Бајден е „добро запознаен“ со историјата на Косово и Западен Балкан.

EPA-EFE

„Знам дека во политиката финансиите се многу важни, но и историјата исто така. Сметам дека претходната американска влада им даваше повеќе тежина на финансиите отколку на историјата“, кажа Курти и додаде дека во дебатите со поранешниот американски претставник Ричард Гренел било тешко.

Во интервју за порталот Љајми, Курти оцени дека Гренел брзал и бил фокусиран на финансиските прашања, а изрази уверување дека со Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен нештата ќе бидат поинакви.

За договорот од 4 септември минатата година за економска нормализација меѓу Косово и Србија, Курти кажа дека му се „допаѓа делот за признавање на Косово од страна на Израел и укажа дека соработката меѓу САД и ЕУ за Западен Балкан е важна“.

Поранешниот премиер на Косово кажа дека содржината на договорот меѓу Белград и Приштина е поважна од рокот или брзината со која ќе се постигне.

„Не би требало да разговараме за мапите со оваа стара идеја за размена на територии. Би требало да разговараме за луѓето, граѓаните и заедниците, а не за политичарите кои би требало да ги спасиме“, кажа Курти.

Истакна дека Европската Унија го занемарила регионот, особено Косово, кое не е вклучено во режимот на безвизно патување.

Истакнувајќи дека судбината на регионот е во ЕУ, тој ја повтори својата идеја дека Европската Унија треба да организира „мини Маршалов план“ за шесте земји од Западен Балкан, по примерот на американскиот фонд за Германија по Втората светска војна.

Курти кажа дека е оптимист дека ако Косово и Србија сериозно се вклучат во разговорите ќе се постигне договор, но оцени дека поради Русија и Кина е тешко да се предвиди членството на Приштина во Обединетите нации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе