Анкара

Курдските сили го нападнаа Тел Абијад, еден турски војник е убиен

Еден турски војник е убиен, а еден е повреден во денешниот напад на курдските сили во Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

Нападот на таканаречената Народна заштитна единица извршен е на градот Тел Абијад, на североисточниот дел на земјата, соопшти министерството.

Министерството во соопштението наведе дека во нападот на силите на Народната заштитна единица, кои имале противтенковско и лесно наоружување, се погодени турски војници кои вршеле извидувачки и набљудувачки мисии во градот.

Во соопштението се вели дека е одговорено на нападот и се истакнува дека Турција останува посветена на договорот за прекин на огнот, и покрај насилството, пренесува Ројтерс.

Турција и САД во четвртокот се договорија да ја прекинат турската воена офанзива во Сирија за пет дена додека курдските сили не се повлечат од „безбедносната зона“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе