Курдски командант: Петмесечни заеднички операции доведоа до убиството на Багдади

Откако денеска американските власти соопштија дека во американска операција во Сирија е убиен лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, командант на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, тврди дека заедничка разузнавачка кампања на САД / СДФ довела до неговата смрт.

„Пред пет месеци имаше разузнавачки дејства на терен и темелно спроведување сè додека во заедничка операција не беше елиминиран терористот Абу Бакр ал-Багдади“, рече денеска во твит генералниот командант Мазлум Абди.

„Им благодариме на сите што придонесоа за оваа одлична работа“.

Озлогласениот калиф на Исламска држава бил убиен во саботата во северозападна Сирија, во американска воена операција во која учествувале американски специјални сили, хеликоптери и беспилотни летала.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и официјално соопшти дека Багдади е убиен.

Курдските борци на Абди долго време им беа сојузници на САД во борбата против Исламска држава. Така, Трамп претходно овој месец беше жестоко критикуван кога ги повлече американските трупи од територијата што ја држат Курдите. Откако американскиот претседател беше обвинет дека ги „напуштил“ своите сојузници, турските сили упаднаа на оваа територија, а потоа минатата недела беше постигнат прекин на огнот.

Силите на Багдади во 2014 година тргнаа во џихадистичка кампања на Блискиот Исток, заземајќи огромни делови од Сирија и Ирак, откако тоа лето милитантниот лидер се прогласи себеси за калиф на Исламска држава. Сепак, ловен од Сирија, САД, Русија, Иран и СДФ, Багдади се повлече, додека заземените територии му беа одземани во последните години, а во јавноста се појави само еднаш, во видео објавено од џихадистите овој април.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе