Курдите се закануваат дека ќе престанат да ги чуваат затворите во кои се сместени терористите на ИСИС

Сириските демократски сили (СДФ) рекоа дека наскоро ќе ги напуштат позициите во затворските логори во кои има затвореници на Исламска држава. Тие за Би-би-си потврдија дека нема да имаат капацитет да го чуваат затворот доколку Турција почне нова копнена офанзива во областа.

Фото: ЕПА

Турција досега изврши воздушни напади врз стотици цели во регионот како одмазда за бомбашкиот напад во Истанбул во кој загинаа шест лица, а десетици се ранети. Турција ги обвини курдските сепаратисти со седиште во северна Сирија за нападот. СДФ, главно курдски милициски сојуз поддржан од САД, негираше каква било вмешаност во нападот и ја обвини Турција дека го користи како изговор за долго планираната офанзива во Сирија.

Во средата, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека воздушните напади се „само почеток“ и дека е решен да ја обезбеди турската граница со Сирија преку воспоставување „безбедносен коридор“. Шефот на СДФ, генерал Мазлум Абди, предупреди дека копнената операција би можела повторно да ја активира терористичката група Исламска држава.

„Тоа ќе доведе до втора граѓанска војна во Сирија и нашите антитерористички операции против ИСИС ќе престанат“, рече тој. „Како дел од меѓународната коалиција се боревме и ја победивме ИСИС, а она што го прави Турција ќе го поткопа сето тоа.“

За време на меѓународната борба против ИСИС, САД во голема мера се потпираа на курдските сили за искоренување на милитантите од Сирија, а СДФ сè уште е одговорна за затворите и камповите каде што се држат осомничените борци на ИСИС и нивните семејства. Најголем дел од овие импровизирани објекти во кои се сместени семејствата на осомничените милитанти е ал-Хол, во кој живеат повеќе од 50.000 луѓе, од кои две третини се деца.

СДФ соопшти дека неколку турски воздушни напади биле врз ал-Хол. Во нападот загинаа седум безбедносни службеници одговорни за обезбедување на кампот, а шест странски затвореници избегаа за време на нападот, но подоцна беа повторно фатени.

Абди предупреди дека понатамошните турски напади директно ќе влијаат на капацитетот на неговите сили да ја чуваат локацијата. „Нашите сили треба да ги заштитат нашите сопствени луѓе и семејства и не можевме да ги чуваме камповите. Турските власти ги гаѓаа цивилните објекти, како што се електрани, капацитетите за производство на нафта. Тоа ќе доведе до масовна миграција и внатрешнораселени луѓе“, рече тој.

Од 2016 година, турската војска почна три големи операции во северна Сирија со поддршка на сојузничките сириски бунтовнички групи и моментално контролира дел од територијата што се протега на повеќе од 325 километри од нејзината граница.

Во последната операција, во 2019 година, Турција ја зазеде областа помеѓу градовите Тал Абјад и Рас ал-Аин, оставајќи го регионот Кобане под контрола на Курдите помеѓу териториите контролирани или од Турција или од милициите поддржани од Турција. Во тоа време Русија посредуваше за прекин на огнот и беа поставени патроли на турски и руски трупи за следење на почитувањето на примирјето.

Курдските сили стравуваат дека Турција би можела да го освои Кобане. СДФ ги повика и САД и Русија да го искористат своето влијание за да ја запрат турската офанзива, предупредувајќи дека таа може да го дестабилизира целиот регион и пошироко. „Осум години се бориме со меѓународната заедница против тероризмот, заедно се боревме да ја победиме ИСИС, а сега нападите што ги изврши турската држава го поткопуваат сето тоа“, рече Абди.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе