Курдите потврдија дека склучиле договор со Дамаск за распоредување војници

Сириските Курди објавија синоќа дека склучиле договор со владата во Дамаск за распоредување сириска војска во близина на турската граница, на петтиот ден од офанзивата на Анкара против курдските сили на североистокот на Сирија.

„За да се соочиме со турската агресија и да го спречиме нејзиното продолжување, постигнавме договор со сириската влада да се распореди војската вдолж турско-сириската граница за да ги поддржи Сириските демократски сили (СДФ)“, се вели во соопштението на курдската администрација.

Освен поддршката на тој сојуз на курдски и арапски борци, во соопштението се прецизира дека сириската војска е повикана да ги ослободи сите места окупирани од турската војска и нејзините сириски сојузници од почетокот на офанзивата.

Претходно сириската државна агенција Сана јави дека сириски војници почнале да се распоредуваат на северот на земјата за да „одговорат на турската агресија на територијата на Сирија“.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе