Се очекуваат и до 300.000 бегалци

Курдите меѓу два огна - турската армија и Исламска држава

На сириските Курди сè повеќе им е јасно дека ќе се најдат меѓу два огна - турската армија и Исламска држава.

Исламска држава вчера веќе изврши три самоубиствени бомбашки напади во Рака, градот што сириските Курди го презедоа од исламистите во октомври 2017 година со помош на своите западни сојузници.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Велика Британија, соопшти дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци на Исламска држава и дека имало пукања пред тие да се разнесат.

Рака беше центарот на „калифатот“ на Исламска држава, во кој владееше Абу Бакр ел Багдади, што имаше посебна симболика затоа што Рака беше првата престолнина и на првиот калиф, избран по смртта на Мухамед, и тој по име Абу Бакр.

Иако, според новинарите од Рака, нападите биле со „слаб интензитет“, тие се доволен мотив некој да се запраша дали сириските Курди, напуштени од Америка, сега се оставени да се борат за живот и смрт на два фронта, а и какви последици ќе има турската офанзива врз безбедносната состојба на целата територија на Сирија.

Американски одбранбен функционер и курдски функционер во Сирија вчера рекоа дека сириските Курди ги прекинале операциите против групата Исламска држава. Сириските демократски сили сега се поместени на позиции да ја одбијат турската офанзива.

Меѓународниот комитет за спас (ИРЦ) е длабоко загрижен за животот и егзистенцијата на два милиони цивили.

Воената офанзива би можела да протера 300.000 луѓе и да ги загрози активностите на хуманитарните служби за спасување животи, вклучувајќи ја и ИРЦ. Дури и една ограничена воена иницијатива може да расели околу 60.000, од кои повеќето ќе имаат потреба од хуманитарна помош, вели комитетот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе