Курдите го возвраќаат ударот: го вратија Рас ал Ајин и тргнаа во контранапад на Тел Хафиф (ВИДЕО)

Курдските Единици за народна одбрана ја преземаа контролата врз местото Рас ал Ајин по контраофанзивата почната откако турските трупи и нивните сириски сојузници го зазедоа овој град на 12 октомври.

Курдите и вооружените единици на сириската опозиција кои ја поддржуваат Турција во нејзината воена операција водат интензивни борби на перифериите на градовите, јавува ТАСС повикувајќи се на локални извори.

Курдските сили во моментов го напаѓаат блискиот град Тел Халаф кој е под контрола на таканаречената Слободна сириска армија.

Извештаи за судири доаѓаат и од пограничниот град Кобане, кој се наоѓа на источната страна на реката Еуфрат.

Вчера курдските борци го спречија планот на турските сојузници да го пресечат стратегискиот автопат кој минува вдолж границата и го поврзува сирискиот економски центар Алепо со градот Ал Хасака во истоимената провинција.

Изворите на руската агенција тврдат дека нападот на турските сили и нивните сојузници бил одбиен.

Единиците на сириската армија стигнаа до автопатот во близина на градот Тел Тамер, кој се наоѓа на околу 30 километри од границата и се разместија на северот на провинцијата Ал Хасака, според договорот со Курдите.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе