Крајот на „калифатот“

Курдите го напаѓаат последното упориште на ИСИС во Сирија (ВИДЕО)

Курдските борци и нивните сојузници во Сириските демократски сили (СДФ) ја почнаа офанзивата врз последното упориште на терористичката група Исламска држава во Багуз, во Сирија. Дел од милитантите на ИСИС се вкопани и подготвени да се борат до смрт, јавува Раша тудеј.

Курдските сили поддржани од САД убиле „десетици“ милитанти на ИСИС во текот на ноќта, соопшти портпаролот на СДФ Мустафа Бали на Твитер. Меѓутоа, терористите се вкопани на своите позиции и извршиле неколку самоубиствени напади врз Курдите и СДФ.

Последната офанзива на Багуз, мал град на брегот на реката Еуфрат во близина на границата со Ирак, почна во неделата вечерта откако неколку недели на цивилите им беше дозволено да се евакуираат. Голем број од евакуираните цивили се жени и деца на џихадистите.

Повеќе од 4.000 милитанти на ИСИС се предале минатиот месец, изјави Бали за Ројтерс. Јадрото на нивните најтврдокорни борци останале во градот, спремни да се борат до смрт.

Поразот на Исламска држава се случува пет години откако лидерот Абу Бакр ал Багдади прогласи „светски калифат“ и ја поведе милитантната група во молскавична воена кампања во регионот. Долготрајната кампања предводена од војските на Сирија и Ирак, поддржани од руската и американската војска, како и од милиции и бунтовнички групи поддржани од САД и Турција конечно го доведе „калифатот“ на крајот на своето постоење.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе