Шефот на австриската дипломатија

Курц: Западниот Балкан има европска перспектива, Турција не

Министерот за надворешни работи на Австрија предупреди, по говорот на претседател на Европската комисија за „состојбата на Европската Унија“, дека ЕУ не смее да дозволи создавање вакум на Западниот Балкан.

Себастијан Курц со соопштениет истакна дека во непосредното соседство на ЕУ Западниот Балкан е изложен на закани на радикализација и нелегална емиграција.

„Стабилноста и безбедноста можат да бидат обезбедени само со валидна европска перспектива. ЕУ не смее да дозволи никаков вакум на Балканот кој би можел да го пополни некој друг играч“, предупреди Курц.

За разлика од Балканот, тој смета дека Турција, поради тамошниот развој на случувањата, да има никаква перспектива за членство во ЕУ. „Пристапните преговори мора да бидат сопрени и треба да се прекине финансиската пристапна помош“, кажа тој.

Кога станува збор за ЕУ, цел на Унијата мора да бидат мирот, благосостојбата и слободата, како што било и во минатото.

Тој оцени дека на ЕУ ѝ е потребна промена на курсот, и дека во нејзиниот фокус треба да биде префрлањето на овластувањата. Австрискиот министер се залага ЕУ да се повлече од оние прашања кои членките или регионите можат подобро да ги решаваат.

„Нам не ни треба Унија која детално регулира каква боја ќе има помфритот, туку Унија која е во состојба да им овозможи безбедност на своите граѓани“, заклучи Курц. Тој истакна и дека е потребна и решителна борба против тероризмот и, пред сѐ, ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе