Курц се откажа од 75.000 евра од државата

Поранешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц нема да ја прима платата на шеф на пратеничкиот клуб, на која би имал право шест месеци по напуштањето на функцијата.

Фото: ЕПА

Курц за виенскиот дневник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од своето право на тие примања.

Тој би имал право на 75 отсто од платата која е повисока од 15.000 евра бруто месечно, колку што примал на местото шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци, со божиќниот бонус, од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра.

Сепак, Курц нема намера да поднесе барање за тие пари.

„Моето разбирање за политиката отсекогаш беше дека сакам да ѝ служам на државата и да работам за народот“, рече тој.

Медиумите шпекулираат дека Курц ќе има само кратка пауза, а следната година, во првиот квартал, ќе се вработи во приватниот сектор.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе