Курц сака да ја убеди Ангела Меркел дека на Европа ѝ требаат посилни граници

Австрискиот канцелар Себастијан Курц сака во фокусот на разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел на средбата во недела навечер да биде посилни граници на ЕУ и зајакнување на врските помеѓу ЕУ и Африка, изјави портпаролот на Курц.

Патувањето на Курц во Берлин е дел од подготовките за неформалниот самит на лидерите на ЕУ планиран за четврток во Салцбург. Австрија го држи ротирачкото претседателство.

Австрискиот антиимиграциски лидер, исто така, планира да отпатува за Париз во понеделник на разговори со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Не може да има отворени граници во Европа без вистинска заштита на надворешните граници на ЕУ“, рече конзервативниот австриски лидер во коментарот кој неговиот портпарол го цитираше за германската агенција ДПА.

„Тоа е причина поради што е толку важно да се зајакне Фронтекс“, додаде тој, мислејќи на агенцијата за контрола на границите на ЕУ.

Во пресрет на состанокот во Салцбург, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер најави некои нови мерки, како што е зголемување на бројот на припадници на Фронтекс.

Иако Курц и Меркел претходно не се согласиуваа околу миграцијата, Курц рече дека гледа пресврт во Берлин кон построг став.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе