Австрискиот канцелар

Курц по изгласаната недоверба: Денес одлучи парламентот, во септември одлучува народот

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП) Себастијан Курц, на кого парламентот денес му изгласа недоверба, порача дека промените кои ги почнал нема да можат да се сопрат.

„Денес одлучи парламентот, а во септември одлучува народот“, истакна Курц во обраќањето до поддржувачите по смената на позицијата канцелар.

Тој истакна дека и ОВП и тој ја прифаќаат денешната демократска одлука на парламентот и најави дека во следните недели таа партија ќе води кампања до изборите за да ги увери граѓаните во нејзините намери и патот.

На опозициските партии им порача дека тоа што го „тргнале“ од местото канцелар не значи дека успеале да го отстранат од политиката.

Најави дека ќе продолжи да се бори и дека целта како и на неговата партија е да работи за доброто на земјата и нејзините граѓани.

Во Австрија во септември се одржуваат предвремени парламентарни избори, распишани по падот на коалицијата на ОВП и Партијата на слободата на Австрија (ФПО), чиј дотогашен лидер Хајнц Кристијан Штрахе ѝ ветувал на наводна внука на руски олигарх дрѓавни тендери за финансиска помош на неговата партија.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе