Националното затворање е на сила до 7 декември, но сè уште не е јасно што ќе значи ова за скијачката индустријата - столбот на туристичкиот сектор, што претставува 15 проценти од австриското БДП.
Курц рече дека Австријците ќе мора да живеат со ограничувања со недели и месеци, додавајќи дека новите мерки ќе зависат од епидемиолошката состојба. Тој ќе ги претстави во среда.
„Колку е поголем бројот на инфекции, толку потешко ќе биде да се преземат чекори за отворање“, рече Курц во интервју за Клајн цајтунг.
„Ќе мора да живееме со понатамошни масовни ограничувања по 7 декември“, додаде тој, нагласувајќи дека владата планира внимателно да ги отвори продавниците и училиштата.
Австрискиот канцелар рече дека спортските и забавните содржини нема да бидат дел од првото олеснување на мерките, но владата во догледно време има намера да овозможи организирање на повеќе индивидуални спортови на отворено.
„Прашањето за туризмот е одвоено од тоа. Она што е веќе јасно, 'апре-ски' ќе биде можно најрано за една година“, рече Курц, мислејќи на забавите во планинските барови и ресторани.
Франција, Италија, Австрија и Германија наредија жичарите, кои сега и би можеле да работат, да останат затворени во надеж дека сите одморалишта ќе имаат корист во екот на сезоната ако и кога ќе забави ширењето на инфекцијата.