Курц најави отворање на австриските граници, масовно ќе се тестираат туристичките работници

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција во Виена зборуваше за „извонреден концепт", така што одморот во Австрија, и покрај коронавирусот, ќе биде безбеден како во никоја друга земја во светот, пренесува порталот Виена онлајн.

Фото: ЕПА

Тој го оправдува ова со фактот дека ќе инвестира во тестирањето и ќе се тестираат што е можно повеќе луѓе кои се во контакт со патниците.

„Ме радува што и на домашните и на странските гости ќе им обезбедиме безбеден и убав одмор“, рече Курц, додавајќи дека на земјите со потешка епидемиолошка состојба нема да им ја отвори границата.

Тој изјави дека границата со Швајцарија, Лихтенштајн и Германија ќе биде целосно отворена на 15 јуни, следната недела ќе се одржат разговори со источните соседи, додека ситуацијата со јужните соседи Италија и Словенија изгледа потешка.

Претседателот на австриската Стопанска комора, Харалд Махрер, рече дека до почетокот на јули треба да се изградат капацитети за 65.000 тестови неделно за вработените во хотелите и другите туристички објекти.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе