Курц: Карантин само за невакцинираните

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го објави фокусот на мерките против коронавирусот за есенва, кој предвидува дека повеќе нема да има општ полициски час, туку само „заштитни мерки“ за невакцинираните, и рече дека целта е да се зголеми подготвеноста за вакцинација и повеќе контроли, со отворени училишта.

Фото: ЕПА

Курц, за ОРФ, објасни дека неделната инциденца повеќе нема да се следи како индикативна вредност врз основа на која ќе се преземаат мерките, како што беше досега. Наместо тоа, ќе се следи пополнетоста на одделите за интензивна нега.

Тој објасни дека е направен план за мерките што ќе се применат по достигнувањето одреден капацитет.

Што се однесува до карантинот, Курц рече дека, доколку бидат потребни „заштитни мерки“, тие повеќе нема да бидат за целата земја, туку само за невакцинираните.

Кога станува збор за вакцинацијата, тој објави дека сака да продолжи да ја дава третата доза и дека целта останува да се зголеми стапката на вакцинација на населението.

Тој, исто така, најави зајакнување на контролите, не само за да ги убеди луѓето да се вакцинираат, туку и затоа што има сѐ повеќе лажни потврди за вакцинација, а правилата против коронавирусот не се почитуваат насекаде.

Запрашан за училиштата, Курц посочи дека тие ќе останат отворени.

Тој рече дека по секоја цена сака да спречи нов карантин и преминување на часови од дома.

„Доколку е потребно, ќе го продолжиме успешниот концепт за третиот бран со интензивно тестирање по почетокот на учебната година“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе