Австрискиот канцелар

Курц: Граѓаните на Србија да бидат свесни дека без напредок во дијалогот нема ЕУ

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека секое можно решение на косовскиот проблем ќе мора да ја има поддршката од големите сили, особено од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН.

Тој истакна дека граѓаните на Србија мора да бидат свесни дека без јасен напредок во односите меѓу Белград и Приштина Србија нема да може да се приклучи на Европската Унија.

„Во наш интерес е да бидеме во блиски партнерски односи со САД кога станува збор за Западниот Балкан и да ја имаме нивната поддршка во охрабрувањето на напредокот во постигнувањетто решение за ова важно прашање“, кажа Курц во интервју за магазинот Корд.

Тој наведе и дека граѓаните на Србија мора да бидат свесни „дека без ефективна и јасна нормализација на односите на Белград и Приштина нема да има пристапување во ЕУ“.

„Имаме добри односи и со Белград и со Приштина, и се обидуваме да го поддржиме процесот (на дијалогот) што е можно повеќе“, кажа австрискиот канцелар.

Курц повтори дека отсекогаш сметал дека местото на Србија е во Европската Унија, како и на сите други земји од Западниот Балкан, додавајќи дека она што се случува на Балканот има влијание и врз Австрија.

На прашањето дали пристапувањето на земјите од Западниот Балкан привремено е отстрането од агендата на Брисел, имајќи ги предвид актуелните случувања во ЕУ, Курц истакна дека тоа не е точно.

„Што би можело да ве доведе до таков заклучок? Токму спротивното, бидејќи за време на бугарското и австриското претседателство со ЕУ во 2018 процесот на проширувањето беше ставен на врвот на агендата“, истакна тој.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе