Виена

Курц: Доста е седење со скрстени раце, остро против Ердоган

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави заострен став на официјална Виена кон Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Курц рече дека доста се седело со „скрстени раце“ и дека новата австриска влада сега ги контролира сите институции и ја одредува злоупотребата на џамиите и финансирањето на имамите од странство.

Австрија, според него, нема да дозволи да ја заплашат заканите на Анкара.

„Турција врши влијание врз граѓаните на Австрија или Германија со турско потекло и го спречува нивното интегрирање злоупотребувајќи ги нивните национални чувства и вера. Тоа е спротивно на нашите напори за интеграција, а воедно е лошо и за соживотот“, изјави тој за АТВ.

Курц најави дека Австрија ќе делува каде и да е потребно, без оглед на тоа колку Анкара се заканува. „Не верувам во грешки во преводот на изјавите на Ердоган. Тој јасно кажува што мисли и што сака, а тоа е доста проблематично“, порача тој.

Тој, исто така, најави дека Австрија, за време на претседавањето со ЕУ, во втората половина на оваа година ќе се бори против продолжувањето на преговорите за пристап со Турција, особено против отворањето на поглавјето, додавајќи дека во Унијата постои консензус околу тоа.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе