Курц бесен: Политичари во Австрија се вакцинирале преку ред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро критикуваше неколку локални политичари кои се вакцинирале против коронавирусот, иако не спаѓале во приоритетни групи.

Фото: ЕПА

„За мене е целосно неприфатливо некој да се вакцинира преку ред. Протуркување е морално многу разочарувачки“, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц за весникот Кронен цајтунг.

Курц на тој начин реагираше на веста дека десетина пониско рангирани политичари, главно градоначалници ширум Австрија се вакцинирале преку ред, откако при вакцинацијата на персоналот во домовите за стари лица останале неискористени вакцини.

„Кога ќе остане вакцина, важно е веднаш да се искористи, но да се вакцинираат постари лица, а не политичари, нивните жени и локални ‘познати личности’“, рече Курц.

Вицеканцеларот Вернер Коглер исто така остро ја критикуваше вакцинацијата на политичарите преку ред, кои според договорениот редослед за вакцинација, немале право на тоа.

Тој им наложи на сојузните покраини, кои се надлежни за организирање на вакцинациите, да се осигураат дека вакцинациите се извршуваат во корист на целото општество, не само на поединци, и најави остра реакција во случај на непочитување на редоследот за вакцинација.

Премиерот на Корушка Питер Казер исто така најави законски чекори доколку вестите за вакцинација преку ред се покажат точни.

Скандалот изби откако докторка во градот Фелдкирх, во сојузната покраина Ворарлберг, одбила да го вакцинира локалниот градоначалник, посочувајќи дека тој не е на ред да се вакцинира според кој било критериум.

„Му реков дека не е негов ред да се вакцинира и дека тоа може да го направи во последната фаза, кога ќе дојде редот на политичарите“, изјави докторката за јавниот сервис ОРФ.

Во Австрија досега се вакцинирани само 1,4 проценти од населението, што е помалку од планираното. Министерот за здравство Рудолф Аншобер зборува за „акутен недостиг“ на вакцини.

Австрија нарача 3,8 милиони дози од вакцината Фајзер/Бајонтек, но таа ќе биде доставена дури после април.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе