Австрискиот канцелар

Курц бара пасош на ЕУ за вакцинација

Австрискиот канцелар Себастијан Курц бара од ЕУ воведување на европски пасош за вакцинирање и се заканува дека, ако тоа не биде усвоено, Австрија ќе најде начин за воспоставување слобода на движењето и патувањата.

EPA-EFE

Таков пасош веќе има Израел, а сакаат, како што кажа, да го воведат и некои европски земји. Со таквиот пасош треба да се овозможи враќање во нормалниот живот.

Пред денешниот самит на Европската Унија Курц се стави на чело на оние кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.

„Сакаме што побрзо да се вратиме на нормалноста и максималната слобода. Сè додека постои пандемијата и вирусот тоа ќе биде можно само ако имаме мерки за заштита, дали преку вакцинација или тестови“, истакна Курц.

Додаде и дека поради тоа е потребен европски пасош за вакцинација кој ќе овозможи слободно патување, па и одмор.

Курц најави дека со таа иницијатива ќе истапи на ЕУ самитот, и додаде дека има многу сојузници, пред сè туристичките земји како Грција, Кипар и Малта, но и балтичките држави, Шпанија, Хрватска и Словачка кои сакаат ваков сертификат за вакцинација.

Од друга страна Германија, Белгија, Холандија и Франција не сакаат брзи одлуки околу тоа.

Куц сепак гледа шанса за постигнување европски договор.

Доколку тоа не биде прифатени, порача дека Австрија самостојно ќе обезбеди слобода на движењето и патувањата, со бројни билатерални договори со државите кои тоа го сакаат.

„До летото ќе би биде потребен пасош за вакцинација“, истакна Курц.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе