Курц: Австрија и Данска нема да се потпираат само на ЕУ за вакцини, преговараат со Израел

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денес дека неговата земја и Данска повеќе нема да се потпираат исклучиво на Европската унија за вакцини против коронавирус и дека ќе соработуваат со Израел во производството на вакцини од втора генерација.

Фото: ЕПА

Тој рече дека заедно со данската премиерка Мете Фредериксен во четврток ќе го посетат Израел за да разговараат со премиерот Бенјамин Нетанјаху за истражување и соработка во производството на вакцини.

ЕУ се соочи со критики за бавното воведување на вакцинацијата, додека Израел имунизираше голем дел од своите граѓани.

Во изјава за австриската новинска агенција АПА, Курц рече дека Европската агенција за лекови е премногу бавна во одобрувањето на вакцините и посочи на недостатоците во испораките на фармацевтските компании.

„Мора да се подготвиме за понатамошни мутации и повеќе не треба да бидеме зависни од ЕУ во производството на вакцини од втора генерација“, рече австрискиот канцелар.

Тој рече дека Австрија и Данска веќе нема да се потпираат на ЕУ во иднина и дека во следните години, заедно со Израел, ќе произведуваат вакцини од втора генерација за понатамошни мутации на коронавирусот и ќе работат на истражување на други можности за лекување.

Во Австрија досега се вакцинирани нешто помалку од 5,5 проценти од населението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе