Полицијата соопшти дека напаѓачот се обидел да украде два автомобили и притоа го застрелал едниот од возачите, пренесува Би-би-си. Нападот се случил во гратчето Тамвотер.
„Тој е херој. Доколку овој купувач не го направеше тоа што го направи, кој знае што ќе се случеше“, изјави друг купувач за локална телевизија.
Полициската портпаролка Лора Вол соопшти дека инцидентот почнал во 17 часот по локално време во неделата кога полицијата добила пријава за можен пијан возач кој вози во спротивна насока. Неколку минути подоцна добиле пријава за пукање, а било најдено полесно повредена 16-годишна девојка чиј автомобил бил украден.
Според изјавите на сведоците дури тројца вооружени цивили се соочиле со напаѓачот. „Имаше тројца цивили кои тргнаа кон него да го спречат, а двајца имаа подигнати пиштоли. Потоа третиот човек го застрела преку прозорецот на автомобилот“, изјави една од сведоците за локална телевизија.