Куомо: „Трамп да издаде наредба за задолжително носење на маска и самиот да се придржува до неа“ (ВИДЕО)

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да издаде наредба за задолжително носење на заштитна маска.

Screenshot

„Претседателот може да направи две работи. Прво, да потпише извршна наредба за задолжително носење на маска. Ние како нација сè уште не сме го направиле едноставниот, лесен, минимален чекор велејќи дека мора да се носи маска кога сте на јавно место? Претседателот не мора да донесе закон, не мора да го повика Конгресот, туку само да потпише извршна наредба велејќи да се носи маска“.

„Другите (сојузни) држави дури сега почнуваат да го прават тоа, држави кои беа непослушни, гувернери кои велеа: Не мора ова да го правиме, маските не функционираат“, рече Куомо.

Тој додаде дека тие сојузни држави сега се однесуваат сосема поинаку.

Куомо го повика Трамп да биде пример за другите, со тоа што и самиот ќе носи маска.

„Тогаш, претседателот нека поведе со пример и претседателот да стави маска затоа што знаеме дека функционира. Докажавме дека функционира во државата Њујорк“, додаде Куомо.

Во Соединетите Држави, повеќе од 2,6 милиони луѓе се заразени со коронавирус, а 128.513 починале.

Само во Њујорк, заразени се 416.787 луѓе, а 31.484 умреле, според податоците на Ворлдометерс.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе