Тестирање за антитела во Њујорк

Куомо: Смртноста од коронавирусот е помала отколку што се мислеше (ВИДЕО)

Според првичните резултати од тестирањето за антитела, околу 2,7 милиони луѓе во Њујорк веројатно биле инфицирани со коронавирусот, соопшти гувернерот на сојузната американската држава Ендрју Куомо.

Резултатите од тестирањето по случаен избор во Њујорк покажале дека од 3.000 граѓани околу 13,9 отсто оздравеле од вирусот,изјави Куомо на конференцијата за новинари.

Иако гувернерот предупреди дека резултатите се прелиминарни и варираат од округ до округ, како и од држава до држава, сепак успеа да го доведе во прашање аспектот на вирусот како „смртна пресуда за Њујорк“.

Новите бројки покажуваат дека, ако се има предвид колку луѓе „го прележале вирусот на нозе“, стапката на смртност во таа сојузна држава е околу 0,5 отсто, што е значително помалку отколку што се веруваше претходно.

Њујорк е епицентарот на епидемијата во САД и беше најпогоден од заразата поради големата густина на населеноста.

Меѓутоа, дури и во градот во кој 21,2 отсто од жителите се позитивни на антитела на ковид-19 (1,77 милиони луѓе), има 15.000 жртви, што е процент на смртност од 0,8.

Стапката на зараза надвор од градот е дури и помала, па меѓу жителите на Лонг Ајленд таа е 16,7 отсто, додека во Вестчестер и Рокленд се заразени 11,7 отсто од населението.

Во остатокот од државата позитивни се околу 3,6 отсто, кажа Куомо, истакнувајќи дека вирусот не ја погаѓа подеднакво целата држава Њујорк.

Тој неодамна најави дека државата ќе биде затворена до средината на мај и предупреди дека нема да му дозволи на никого да се врати на работа без масовно тестирање.

Тестирањето за антитела било спроведено во продавници на 40 локации во 19 окрузи на Њујорк и не ги вклучило заболените дома и оние кои се во болници.

Резултатите се слични на оние до кои дошле истражувачите во Санта Клара, Калифорнија и Масачусетс, кои откриле дека е широко распостранета асимптоматската и блага инфекција, особено меѓу популацијата за која се мисли дека не е погодена од коронавирусот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе