„Културолошката склоност“ кон машки деца и одбирањето на полот може да доведат до губење на 22 милиони девојчиња до 2100

Истражувачите предупредија дека бројот на мажите драматично ќе го надмине бројот на жените во следните децении поради „културолошката склоност“ кон машки деца и сѐ почестите абортуси заради одбирање на полот во одредени земји.

Фото: ЕПА

Нова студија, која го претставува светскиот сооднос на половите, заклучи дека нерамнотежата може долгорочно да ја доведе глобалната стабилност во ризик. Се предупредува дека земјите со нееднаков сооднос на половите при раѓање може да се соочат со недостиг од 4,7 милиони девојчиња до 2030 година и потенцијално „да загубат“ 22 милиони женски деца до 2100 година.

Студијата, објавена во научното списание БМЈ глобал хелт, покажа дека пренаталната селекција на полот е виновна за околу половина од дефицитот. Ова довело до нарушување на половиот сооднос во неколку земји низ Југоисточна Европа кон Јужна и Источна Азија од 1970-тите.

„Помалиот број жени од очекуваното во една популација може да резултираат со зголемено ниво на антисоцијално однесување и насилство, и на крај може да влијаат на долгорочната стабилност и социјално одржливиот развој“, пишуваат авторите.

Проекциите на студијата се засновани на база на податоци од над три милијарди записи за раѓање од 204 земји помеѓу 1970 и 2020 година. Исто така, се разгледувале искуствата на земјите што веќе се занимаваат со нарушен полов сооднос, вклучувајќи ги Кина и Индија.

Покрај тоа, вкупниот број на „отсутните“ раѓања на женски деца помеѓу 1970 и 2017 година беше проценет на 45 милиони - 95% од нив беа од Кина или Индија, земјите со најголем број годишни раѓања во светот.

Истражувачите тврдат дека ова на долг рок ќе создаде вишок млади мажи во повеќе од една третина од светската популација и ќе доведе до „непознати социјални и економски влијанија врз погодените земји“.

Една од потенцијалните последици од ова е „истиснување на бракот“ – кога многу мажи не можат да се венчаат затоа што нема доволно жени. Истражувачите предупредија дека се потребни „итни дејствија“ во земјите со „постојани менувања на половиот сооднос“ за да се реши овој проблем.

Според студијата, во неколку супсахарски африкански земји, во Нигерија и Пакистан се очекува да се наруши соодносот на половите во наредните години.

Сепак, истражувачите сугерираат дека соодносот на половите при раѓање најверојатно ќе се стабилизира и ќе опадне во рок од две децении во земјите што во моментов се погодени од полова нерамнотежа при раѓањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе