Во Турција

Куче шест дена го чекало болниот сопственик пред болницата (ВИДЕО)

Верното куче Бонџук од Турција шест дена го чекало својот болен сопственик пред болницата во која бил однесен со брза помош.

Фото: Твитер

Кога на 14 јануари Џемал Сентурк бил пренесен со брза помош во болницата Медикал парк во Трабзон, кучето Бонџук избегало од неговиот стан и го следел. Женката секој ден трпеливо чекала нејзиниот сопственик да излезе од болницата.

Персоналот на болницата го известил семејството на Сентурк дека Бонџук чека пред болницата, по што ја вратиле дома. Сепак, кучето повторно успеало да избега и се вратило пред болницата, каде што шест дена го чекало сопственикот, изјави директорот на болницата Медикал парк, Мурат Еркан.

Вработените во болницата секојдневно ја хранеле и се грижеле за Бонџук, исто како и за нејзиниот сопственик.

Во обид да ја утеши кучката, Сентурк секој ден за време на престојот во болницата комуницирал со Бонџук преку прозорецот. Тие се заедно веќе девет години.

Кога конечно го отпуштиле, Сентурк се сретнал со Бонџук на болничката капија, а на емотивната средба сведочеле голем број медицински лица и минувачи.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе