Куче миленик „изело крек“ кокаин и го заклало сопственикот пред камерите на Би-би-си (ФОТО)

Стафордширски бултериер изел „големо количество дрога“ пред на 20 март да го нападне својот сопственик во стан во лондон, пренесуваат агенциите.

ИНформатичкиот експерт и зависник од дрога Марио Перивоитос (41) умрел во болница набрзо по нападот на своето куче Мајор за време на снимање на документарец на Би-би-си за дрогата. Мајор изел крек кокаин и го изгризал сопственикот за вратот, а снимателите се обиделе да го спасат и повикале брза помош.

Ветеринарниот експерт Николас Кармајкл изјави дека со прегледот било утврдено дека кучето изело осум пати поголемо количество крек од нормална доза, а во неговата урина бил најден и морфиум.

Соседот Џеф Морган, кој бил дома за време на нападот, изјавил дека ја слушнал жртвата како вика: „Тргнете го од мене! Тргнете го!’. Кучето било одведено и затворено. Овој вид инаку не се смета за опасен, но Мајор наскоро треба да биде успиен.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе