Куче кое откри повеќе од 200 мини во Украина, доби орден (ФОТО+ВИДЕО)

Кучето со име Патрон, тренирано да бара мини, е заслужно за откривање на повеќе од 200 експлозиви од почетокот на војната во Украина. Ова животно беше наградено со орден за своите заслуги во земјата.

Фото: ЕПА

На Патрон, двеиполгодишниот Џек Расел териер, наградата му беше врачена од претседателот на Украина Володимир Зеленски на церемонија во Киев.

Териерот, чие име на украински значи „муниција“, открива руски мини и експлозиви во североисточниот град Чернихив и стана маскота на државната служба за итни случаи, пренесува Гардијан.

Тој стана национален симбол на отпорот на Украина против Русија и редовно се појавува во видеата на официјалните украински канали на социјалните мрежи.

Зеленски им ја врачи наградата на Патрон и на неговиот сопственик Михаил Илиев на прес-конференцијата заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо, кој во неделата беше во посета на Киев.

„Денес сакам да ги наградам украинските херои кои веќе ја чистат нашата земја од мини. И заедно со нашите херои, прекрасниот мал ‘сапер’ (воен инженер) - Патрон - кој помага не само во неутрализирање на експлозивите, туку и ги учи нашите деца на неопходните безбедносни правила во областите каде што има опасност од мини“, изјави Зеленски по церемонијата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе