Кубанци преживеале на пуст остров 33 дена, јаделе кокоси, полжави и стаорци (ВИДЕО)

Американската крајбрежна стража спаси тројца кубански државјани од пуст остров на Бахамите, каде што живееле 33 дена јадејќи кокосови ореви, морски полжави и стаорци.

Фото: Твитер

„Ова е неверојатно. Не знам како успеале. Бев изненаден од тоа колку се во добра форма“, изјави поручникот Џастин Доерти за подружницата ВПЛГ на Си-ен-ен.

Членовите на крајбрежната стража на САД за време на рутинска патрола во понеделникот забележале двајца мажи и жена како мавтаат со импровизирани знамиња на островот Ангуила Кеј, дел од синџирот острови меѓу островската група Флорида Кис и Куба.

Прво во понеделникот им доставиле радио, храна и вода, а потоа во вторникот ги спасиле од островот.

Тројцата Кубанци ѝ рекле на крајбрежната стража дека нивниот брод се превртел за време на бура пред околу пет недели и дека тие успеале да допливаат до пустиот остров.

Не беше веднаш јасно дали станува збор за мигранти што се обидувале да дојдат во Соединетите Држави или само се загубиле на море.

Двајцата мажи и жената, наводно, немале сериозни повреди, но сепак биле пренесени во болница на лекарски преглед.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе