Куба моли за американска помош, целата земја остана без струја

Кубанската влада упати ретко барање за итна помош до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, откако ураганот Ијан го остави островот со околу 11 милиони жители без струја, објави Волстрит журнал.

Фото: ЕПА

Ураганот Ијан ја опустоши островската држава во вторникот, предизвикувајќи прекини на електричната енергија, уништувајќи ги домовите и посевите низ целата земја.

Кубанците организираа антивладини протести поради прекините на електричната енергија, зголемувајќи ја загриженоста за недостигот на храна, гориво и лекови.

Вашингтон проценува дека ако администрацијата на Бајден обезбеди помош, кубанските власти ќе им дадат приоритет на болниците, објектите за транспорт на вода, санитарните јазли и друга критична инфраструктура, објави Волстрит журнал.

Стејт департментот не одговори веднаш на барањата за коментар за извештајот, ниту пак кубанската амбасада во Вашингтон.

Бајден вети дека повторно ќе соработува со Куба по повеќегодишните тензии меѓу Хавана и Вашингтон.

Но, задушувањето на масовните протести од страна на Куба во јули минатата година резултираше со санкции против кубанските власти.

Кубанската влада ја обвини за протестите вмешаноста на Соединетите Американски Држави.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе