Куба го отвора поголемиот дел од земјата за меѓународните туристи

Кубанскиот премиер Мануел Мареро синоќа најави дека поголемиот дел од карипската островска држава на почетокот на следната недела ќе се отвори за меѓународниот туризам, додека влегува во „новата нормалност“ по избивањето на епидемијата на коронавирусот.

EPA-EFE

Куба, која своите граници ги затвори пред шест месеци за да го спречи ширењето на заразата, постепено следната недела ќе се отвора за туризмот пред претстојната туристичка сезона.

Од вкупно 16 кубански провинции, за туризам прво ќе бидат отворени тринаесет, најави Мареро во расправата на округла маса која ја пренесуваа локалните медиуми.

Меѓу нив, меѓутоа, не е и главниот кубански град Хавана, во кој едвај се наѕира смирување на вториот бран на епидемијата со помош на рестриктивните мерки, меѓу кои и полициски час.

Туризмот е еден од водечките извори за прилив на странски валути во Куба, па суспенцијата на таа економска активност годинава дополнително ја наруши слабата економија на таа земја.

„Ќе ја отвориме можноста за меѓународни летови за сите провинции кои влегуваат во третата фаза на попуштање на мерките“, кажа кубанскиот премиер.

Освен отворањето за туризам, Мареро најави можност за изолација дома. Имено, кубанскиот здравствен систем досега спречи ширење на епидемијата и ја намали смртноста со задолжителна хоспитализација на сите потврдени случаи, следење и изолирање на контактите во за тоа предвидени објекти. Досега 115 илјади лица кои спаѓаа во категоријата сомнителни случаи и контакти престојуваа во објекти за изолација, но само кај 5 отсто од нив беше потврдена зараза со коронавирусот.

Кубанскиот претседател Мигуел Диаз Канел кажа на округлата маса дека таа земја научила да живее со вирусот, сузбивајќи го вториот бран на заразата поуспешно од првиот и остро намалувајќи ја смртноста од коронавирусот.

Се смета дека економскиот и општествениот живот можат да се вратат со придржување до строгите епидемиолошки мерки како носење маски и држење дистанца.

„Пандемијата нѐ чинеше и имаше големо влјание врз државниот буџет, но работевме водени од неприкосновениот принцип дека главното богатство е животот на кубанскиот народ“, кажа Диаз Канел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе