Куба ги осуди санкциите на Вашингтон и им порача на САД да се занимаваат со сопственото полициско насилство

Куба ги осуди „неоснованите“ санкции кои Вашингтон ги најави против кубанскиот министер за одбрана и им порача на Соединетите Американски Држави да се занимаваат со полициската репресија и насилството на својата територија.

EPA-EFE

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека новите санкции за Куба како знак на протест за „сузбивањето“ на неодамнешните протести во островската држава се „само почетокот“.

Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен кажа дека се воведени санкции против кубанскиот министер за одбрана Алваро Лопез Миера и специјалната единица на министерството за внатрешни работи поради неодамнешното задушување на протестите на Куба.

Шефот на кубанската дипломатија Бруно Родригез на Твитер го осуди воведувањето на санкциите.

„Ги отфрлам неоснованите и клеветнички санкции на владата на САД против Алваро Лопез Миера и Специјалната бригада“, наведе Родригез.

На Куба неодамна беа одржани протести за време на кои загина едно лице а десетици беа повредени. Според тврдењата на опозицијата на Куба, уапсени се околу 100 луѓе.

Кубанците излегоа на улиците незадоволни поради недостигот од храна и други намирници, растот на цените и прекините на струјата, а некои повикаа и на промена на владата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе