19 мртви

Крвав судир меѓу картели во Мексико, насилството расте и покрај епидемијата

Најмалку 19 лица загинале во оружена гангстерска пресметка на северот на мексиканската област Чивава, соопштија локалните власти.

Безбедносните сили откриле 18 тела на местото на пресметката во општина Мадера, како и еден ранет човек, кој подоцна починал од добиените рани, се вели во соопштението.

На местото се пронајдени и 18 долги цевки, две возила и две гранати. Истрагата продолжува, но, како што се вели, се претпоставува дека пукањето се случило меѓу два картели - Хуарес и Синалоа.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор соопшти дека насилството меѓу криминалните групи е во пораст и покрај епидемијата на коронавирус во земјата.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе