Трагедија на Филипините

Крокодил извлечкал 10-годишно дете од чамец и го изел пред очите на братот и сестрата

На југот на Филипините крокодил изел 10-годишно момче пред очите на постарите брат и сестра, откако го извлекол од дрвен чамец.

Естуарскиот крокодил го извлекол момчето, кое седело во задниот дел на чамецот, во близина на градот Балабак, област озлогласена по напади од огромни крокодили.

Таткото на момчето го барал цела ноќ, но полуизедените остатоци од неговото тело подоцна ги пронашол рибар во блиското мочуриште, вели Индипендент.

Естуарскиот крокодил е најголемиот влекач во светот. Може да порасне до шест метри и да тежи до еден тон. Тој живее со солена вода и во мочуриштата од источниот брег на Индија, преку Југоисточна Азија до северна Австралија.

Тој е врвен соленоводен предатор и обично прави заседа пред да го удави својот плен или да го изеде цел.

Поради вековното исцрпување на нивните живеалишта, риболовот со динамит и ловокрадството, тие станаа загрозен вид.

Растечката популација на Филипините и побарувачката за кора од растението ризофора, која може илегално да се продава за употреба во производството или за боење, сè повеќе ги доведува луѓето во контакт со крокодилите, па во последниве години има сè поголем број напади од овие животни.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе