Грчкиот амбасадор во Црна Гора за Вијести

„Кризата може да ја забрза интеграцијата на Западен Балкан“

Трагичните настани во Украина ја надминуваат драмата на украинскиот народ, но не е исклучено овие настани да го забрзаат пристапот на Западен Балкан во ЕУ, вели амбасадорот на Грција во Црна Гора, Панајотис Парцос.

Фото: ЕПА

Парцос во интервју за црногорско Вијести вели дека ова е колективна одлука на ЕУ и најверојатно ќе се однесува на пошироката рамка на Западен Балкан, за да се зачува стабилноста на регионот.

Црна Гора околу десет години преговара за членство во ЕУ.

„Ќе напоменам дека солунската агенда е речиси двојно постара. Тоа беше во 2003 година, кога на Самитот на ЕУ во Солун, за време на грчкото претседавање со Советот на ЕУ, беше усвоена агенда што ја отвора европската перспектива на Западен Балкан и ги дефинира начините за нејзино зајакнување.

Политичката архитектура на регионот, но и на остатокот од Европа, постојано се развива, влијаејќи врз народите и владите. Факт е дека се забележани општи доцнења во регионот на Западен Балкан, бидејќи е во тек неговата постјугословенска трансформација. Меѓутоа, патот до интеграцијата не е линеарен, ниту се одвива во стерилен вакуум“, вели Парцос и истакнува дека „Црна Гора мораше да се соочи со сопствените внатрешни настани, паралелно со оние во нејзината непосредна близина, но и пошироко“.

„Грција нема дилеми кога станува збор за европската перспектива на Западен Балкан. Целта е да се развие регионот за доброто на народот, користејќи ги механизмите на ЕУ и постоечките регионални иницијативи. Во тој контекст е улогата на Грција во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (СЕЕЦП), познат како Меѓубалканска соработка, со кој во моментов претседава до јуни, а кој Црна Гора ќе го преземе од Грција на 1 јули 2022 година. Регионалниот совет за соработка (РЦЦ) и Берлинскиот процес, почнат во 2014 година со цел да се помогне во европската перспектива на Западен Балкан, се дел од истата рамка“, вели тој.

„Важно е да се развие соработката меѓу земјите од регионот во повеќе области, покрај надворешната политика, безбедноста и цивилната заштита. Како пример го наведувам меѓусебното поврзување на мрежи и инфраструктура, патишта, железници и комуникации, со цел да се олесни транспортот на стоки и луѓе. Од грчка страна посебен акцент е ставен на создавањето регионален пазар, на заеднички активности во областа на енергетиката, како што се нафтоводи и гасоводи, како и инвестициско-технолошка платформа за заеднички иницијативи“, вели грчкиот амбасадор во Црна Гора.

На прашањето што мисли за иницијативата Отворен Балкан, која досега ја потпишаа Србија, Македонија и Албанија, Парцос вели: „Во последните години се појави Иницијативата за создавање заеднички регионален пазар, по што следуваше т.н. Мини Шенген, а од неодамна и Отворен Балкан. Грција ја следи секоја иницијатива, во однос на тоа дали таа придонесува за централната стратегиска цел, во однос на пристапувањето на земјите од регионот на ЕУ, во рамките на стабилната грчка позиција.“

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе